„ОВА Е ТОА СКАНДИНАВСКО ВИЗИОНЕРСТВО“: Жерновски потсетува на изјавите на Мицкоски за загадувањето од пред пет години
Членот на Извршниот комитет на СДСМ и поранешен заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски реагира на состојбата со загадувањето и изјавите на премиерот Христијан Мицкоски од пред пет години, како тогашен лидер на опозицијата
„Ова е тоа скандинавско визионерство кое те краси. Како точно погоди пред 5 години што ќе се случува денеска и кој ќе биде виновен за тоа. Секоја чест. Остави ги овие што критикуваат и протестираат, ние си знаеме добро дека ти ќе ја оправдаш дадената доверба, кај и да е, само се’ некако ти треба уште време. Штета што цело време упорно те попречуваат опозицијата, странските служби и домашните крави, иначе кај ќе ти беше крајот. Или… можеби полека почна да ти се гледа“, пишува Жерновски.
