„ОВА Е СКАНДАЛОЗНО, НЕПРИНЦИПИЕЛНО И НЕЧОВЕЧКИ“ - Се огласи Градот Скопје за негласањето на субвенцииите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ
Се огласија од Град Скопје околу неизгласувањето на одлуката за субвенциите за ЈСП.
„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да тераат инает со граѓаните. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да ги остават вработените во ЈСП Скопје без плата а граѓаните на градот Скопје без превоз.
ВМРО-ДПМНЕ се деструктивна партија која нема слух за потребите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје се изживува со луѓето без грам совест и без грам одговорност.
Ова е скандалозно, непринципиелно и нечовечки“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Како што е познато, Градскиот Совет на Скопје не ги изгласа субвенциите за ЈСП, пари кои требаше да се искористат за исплаќање на заостанатите плати на вработените во јавниот превоз. За точката на денешната седница на Советот, 22 советници гласаа „за“ субвенциите, додека 13 советници од ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани. На тој начин субвенциите не поминаа.
Од денеска вработените во ЈСП почнаа со штрајк поради неисплатените плати за декември. Јавен превоз во текот на денешниот ден имаше само до 9.00 часот, но натамошниот тек на настаните зависеше токму од денешниот исход од гласањето за субвенциите.
