ОВА Е САМО ПОЧЕТОК, ЌЕ ИМАМЕ УШТЕ ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ: Пецаков вели дека осум од десетте капитални проекти се реализирани или се реализираат
Општината се раздолжи од она што го наследивме, вклучувајќи ја и блокираната сметка. Долгот беше околу 14,5 милиони евра, кои претставуваа лош почеток за сето она што го имавме планирано, вели градоначалникот на Охрид и кандидат за нов мандат, Кирил Пецаков.
„Пред граѓаните настапивме со десет капитални проекти, кои што треба да го означат мојот мандат. Од тие десет, осум се завршени или отпочнати, а два заради законска процедура нема да можам да ги реализирам во овој мандат, вклучувајќи ја и велосипедската патека Охрид-Свети Стефан. Иако имавме голем долг, би рекол дека успеавме да направиме во овие четири години проекти кои што суштински треба да го менуваат Охрид. Успеавме да реализираме и отпочнеме проекти кои некои ги сонувале, некои сакале да ги направат, сите граѓани ги зборувале, а ние се нафативме и сето тоа го остваруваме, ја отпочнавме катната гаража, веќе во среда или четврток ќе имаме почеток со работа на прочистителната станица во Трпејца, нешто што се зборувало откако знаеме“, рече Пецаков.
Според него, ќе има сериозни промени во тоа како се перцепира Охрид и како се реализираат најпотребните проекти.
„Ова е само почеток, во наредните четири години ќе имаме уште многу големи проекти кои ќе остават сериозен белег и на тоа Охрид како ќе изгледа, но и на тоа како граѓаните ќе ја променат својата перцепција на и онака за мене најубавиот град во Македонија но и пошироко“, вели Пецаков.
За пречистителната станица, вели дека наследиле проект кој вклучувал преку 28 пумпни станици, што според него би било многу за состојбата со електричната енергија.
ВЕТУВАЊАТА НА ПЕЦАКОВ ОСТАНАА ПРАЗНИ ЗБОРОВИ: Шајн обвинува за урбанистички хаос во Охрид
