Ова е причината поради која Заев му ја даде вратоврската на Ципрас
Премиерот Зоран Заев во интервјуто на Канал 5 синоќа објасни дека подарувањето на вратоврската на неговиот грчки колега, Алексис Ципрас по потпишувањето на договорот било спонтано, а го направил за да покаже дека сака да помогне Грција што побрзо да излезе од економската криза.

„Во Давос бев без кравата кога го пречекав Цирпас на првата средба. Првото поздравување му реков еве јас те чекам без кравата, првиот чекор го направив, сега е ред на вас. Ципрас има изјавено дека тој нема да стави кравата додека не ја извади Грција од економската криза. Тоа не беше дел од сценарио, јас ја извадив кравата и му ја поклонив за да брзо Грција се справи со економската криза, ако немате кравата еве ние ќе ви помогнеме“- вели Заев.
Да се има економски стабилен сосед е добро и за нас, смета македонскиот премиер.
