„ОВА Е НАЈПРОСТАЧКИОТ НАЧИН ЗА ПРЕСМЕТКА СО ГРАЃАНИТЕ“: Јакимовски го прозва Мицкоски
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, реагира на насобраното ѓубре во Карпош и го прозва премиерот Христијан Мицкоски да најде решение за проблемот со ѓубрето во Карпош.
„Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни прават саботажа.
Граѓаните на Карпош не заслужуваат да им смрди отпад под носот, ниту пред колективни згради, ниту пред нивните куќи.
Господине премиере, имаш министер за локална самоуправа, имаш министер за екологија, ја водиш државата и имаш двотретинско мнозинство. Наместо да се занимавате со игри и пресметки, најдете решенија!“, вели Јакимовски.
Слично
