„ОВА Е МАСОВНО УБИСТВО КОЕ НЕКОЈ ГО ДОЗВОЛУВАЛ ЗА ПАРИ, МИТО, КОРУПЦИЈА“: Од дома ќе ги вадиме за уши, рече Мицкоски
Премиерот Христијан
Мицкоски во изјава пред клиниките „Мајка Тереза“, уште еднаш нагласи дека нема
да имаат милост кон никого, образложувајќи дека лани биле издадени само 12
лиценци за кабареа.
Во 2024 година се издадени само 12 лиценци, а може да замислите колку ноќни клубови работат во државата. Не знаеме колку од овие лиценци се валидни, бидејќи важноста е само една година. Не очекува многу работа, некој не си врршел работата и сега се обидува под некакава политизација да ја затскрие криманалната работа која што ја правел изминативе години во иинституцијата во која работел. Нема да има милост кој сака нека биде и од која било политичка партија или етничка припадност. Тоа што се случувало е повеќе од криминал, ова е масовно убиство кој некој го дозволувал за пари, за мито, корупција...Нема да има милост. Од дома ќе ги вадиме, ако мислат дека ќе се обидат да играат на политиканство и етничка карта со тие полноќни прес-конференции. Од дома за уши ќе ги вадиме, изјави Мицкоски.
Категорично најави дека сите дискотеки, доколку немаат валидна документација ќе треба да се затворат и ќе се затворат.
