Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е МАЛТРЕТИРАЊЕ И ИЗЖИВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ - Јанакиески за барањето да се врати во притвор во Шутка

ОВА Е МАЛТРЕТИРАЊЕ И ИЗЖИВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ - Јанакиески за барањето да се врати во притвор во Шутка

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вели дека во неговиот случај, во кој се бара да биде вратен во притвор во Шутка, станува збор за изживување со човечки судбини. 

Ова следува откако тој денеска за 27 април доби казна затвор од шест години и три месеци, и по барањето на Обвинителството да биде однесен во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари.

„Сакам само да ви претставам една ситуација, како изгледа пред мојот дом, за да видите дека повеќе од доволна е мерката куќен притвор. По бегството на Мијалков, мене ме обезбедуваат 8 полициски службеници, секое возило што влегува и излегува од мојата зграда детално се претресува, а во моментов, бидејќи е топло, полицајците седат во ходникот од зградата и сум по 24 часовен надзор. Освен тоа, од август има поголем број предмети за кои треба да се спремаме и притворот го ограничува моето право на одбрана. Мислам дека е нечовечки по четврти пат да се носам во Шутка, од дома во Шутка, од дома во Шутка, четири пати сум носен… сите имаме фамилија, малолетни деца, јас 3 години сум веќе во притвор, 5 години ми е одземен пасошот и сум под мерки и мислам дека ова е малтретирање и изживување со човекови судбини“, изјави Јанакиески пред судот.

Како што објавивме, денеска судот им одреди казни затвор од шест и пол години на Трајко Верљаноски и по шест години и три месеци на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Слично

Поврзани вести