Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е ЕДЕН СКРОМЕН ЧОВЕК, ИМА КУЌА, ДВОР И НЕШТО ЗЕМЈА ВО ГРАДЕЦ - со каков имот располага новиот шеф на гостиварското Обвинителство

ОВА Е ЕДЕН СКРОМЕН ЧОВЕК, ИМА КУЌА, ДВОР И НЕШТО ЗЕМЈА ВО ГРАДЕЦ - со каков имот располага новиот шеф на гостиварското Обвинителство

Од личен имот има двор, куќа и автомобил, од заеднички имот има земјиште, а како имот на брачен другар има пријавено денарска штедана книшка. 

Фарик Арслани денеска беше избран за нов шеф на Вишото обвинителство во Гостивар, односно ќе го замени Ислам Абази, кој пак неодамна беше избран за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Арслани до неодамна беше член на Советот на јавните обвинители, но си поднесе оставка поради поднесената кандидатура за местото на Абази. Поради влогот кој го направи Арслани, односно поднесената оставка, речиси беше сигурно дека тој ќе биде новиот шеф на Вишото во Гостивар.

Според анкетниот лист во Државната комисија за спречување на корупцијата, Арслани располага со куќа во селото Градец од 86 метри квадратни, со вредност од 1,8 милиони денари или околу 30 илјади евра. Овој имот е наведен како личен имот и е стекнат со договор за подарок.

Во истото село Арслани има и двор од 189 метри квадратни и тоа вреден само 8 илјади евра, кој е личен имот и е стекнат со договор за подарок. 

Како заеднички имот има земјиште во тоа село од 45 метри квадратни вредно околу две илјади евра, кое исто така го добил како подарок.

Како личен и мот Арслани има и возило Опел Астра стекнато преку договор за купопродажба вредно околу 13 илјади евра. 

Како имот на брачен другар има денарска штедна книшка, која е стекната на друг начин, и за која не е наведено колку средства има на неа.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести