Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е бројот на кој можете да пријавите неправилности

Ова е бројот на кој можете да пријавите неправилности

На 0800-54321 може да се пријави повреда на избирачкото право.

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска, од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Освен лично во канцелариите, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

Народниот правобранител, правата ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции што се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Слично

Поврзани вести