Ова е бизнис од кој Србија може да процвета
Во Србија панонската рамнина има идеални услови за одгледување на орхидеи.
Иако сега се купуваат за неколку евра, тие ќе бидат секогаш барани.
Но, ова е бизнис од кој може добро да се заработи, а Словенците тоа добро го знаат.
„Повеќе од 15 години сум во оваа работа, запознав многу луѓе кои одгледуваат орхидеи, но ниту една не е жена. Повеќето орхидеи се во машки раце“, вели Томас Јевсник за српски Телеграф.
Тој вели дека оваа работа е физички тешка, но и стресна.
Почнал во 2003 година, а веќе следнаат година имал површина од 1.5 хектари под пластеник. Полека се ширеле на 3 и 4 хектари, исто како Шпанија и Холандија, каде има многу стакленици. Унгарците и Словенците се најголеми купувачи, а извоз имаат во сите земји од бивша Југославија.
