Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА ДА БИДЕ ПРИОРИТЕТ: ЕУ препорача 40 мерки за реформа на Судскиот совет

ОВА ДА БИДЕ ПРИОРИТЕТ:  ЕУ препорача 40 мерки за реформа на Судскиот совет

Eвропската Унија(ЕУ) препорача 40 мерки за реформа на Судскиот совет. 

ЕУ даде низа мерки кои треба да бидат спроведени за да се зголеми независноста, одговорноста и ефикасноста на ова тело. ЕУ очекува тие да бидат приоритет на сегашната, но и на секоја идна влада и на сите правосудни институции во Македонија. Евроамбасадорот Дејвид Гир ги презентираше заклучоците. Гир наведе дека дел од мерките се краткорочни, а дел среднорочни и долгорочни. За спроведување на 23 од нив, потребни уставни и законски измени, додека 17 може да ги спроведе самиот Судски совет.

Мерките вклучуваат структурни реформи во Судскиот совет, промена на мандатот на членовите, измени на процесот на селекција, унапредување на практиките за транспарентност, зголемување на финансиската независност на телото и вклучување на цивилното општество во изборот на членовите во мониторингот на неговата работа.

Слично

Поврзани вести