Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ова ако не е подјебавање со институциите, не знам што е?“: Апасиев по изборот на Зајковска за нов член на ДКСК

„Ова ако не е подјебавање со институциите, не знам што е?“: Апасиев по изборот на Зајковска за нов член на ДКСК

Оваа шо ги криеше фирмите на синовите на Цвета, вмроидиве сега ја наградија со членство во АНТИКОРУПЦИСКА!? Ова ако не е подјебавање со институциите, не знам што е?
Ова го напиша лидерот на опозициска Левица откако беше објавено дека Собранието за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата ја избра Катерина Зајковска Скопје, дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија.

Претходно остра реакција имаше од неговата партија, од каде посочија дека „токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ“, поврзана со синовите на поранешната членка на ДКСК, Цвета Ристовска. 
- Наместо институционална одговорност за ваквиот скандал, денес сведочиме на нејзино унапредување во самата Антикорупциска комисија - потенцираа од Левица. 
Воедно додаваат дека „сѐ уште нема разрешница за двете постапки кои Антикорупциска комисија ги отвори против Цвета Ристовска – за непријавување имот во анкетниот лист и за добивање средства за изборна кампања од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнителен сомнеж за начинот на кој функционираше раководството на ДКСК предизвикува и случајот со дипломата на директорот на АНБ. Токму Цвета Ристовска го затвори предметот поврзан со сомнежите за спорната диплома на директорот Бојан Христовски. Особено проблематично е што во јавноста постојат фотографии од заеднички настани и контакти меѓу Цвета Ристовска и ректорот Ацо Миленковски, односно лицето чија образовна институција ја издала спорната диплома“.

- Ниту Основното јавно обвинителство досега нема дадено одговор по кривичната пријава што Левица ја поднесе против Цвета Ристовска за непријавување имот. Молкот на институциите само ги зајакнува сомнежите дека станува збор за организирано прикривање на одговорноста и селективна правда.

Фактот што Антикорупциската комисија не отвори ниту еден предмет во кој е утврдена одговорност на актуелен висок функционер, покажува дека оваа институција е целосно заробена и ставена во функција на заштита на ДПМНЕ, наместо во служба на борбата против корупцијата.

Денешниот избор на Катерина Зајковска е уште една потврда дека наместо прочистување на институцијата од кадри поврзани со скандали, власта избира континуитет на истите структури и истите практики. Наместо независна антикорупциска комисија, граѓаните добиваат партизирана институција која служи како штит за функционерите и како инструмент за пресметка со политичките противници - истакнуваат од опозицијата. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести