ОТВОРЕНО ПИСМО ОД ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ: Eден кандидат е фаворизиран
Функционери oд ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека има нетранспарентност во процесот за изборот на нов лидер на партијата.
Се огласија преку отворено писмо до јавноста членови на партијата. На него потпишани се дел од основачите на партијата: Борис Змејковски, Владо и Дијана Транталовски, потоа Трајко Вељановски, Антонио Милошоски, Илија Димовски, Крсто Јовановски, екс-градоначалници, поранешната министерка Марта Арсовска - Томовска.
„Сакаме да спроведеме Конгрес кој што нема да ја има хипотеката на демократски дефицит и нелојална конкуренција при изборот на претседател. Информациите од членството на терен говорат дека во спроведување на процедурата за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ има еден кандидат кој е очигледно фаворизиран, помогнат и поддржан од целокупната партиска инфраструктура на републичко ниво“- пишува во писмото.
Тие побараа конгресот да се одложи за февруари, а дотогаш со партијата да раководи колективно тело со три до пет члена. Предлагаат и да се зголеми бројот на делагати на 5.000 луѓе.
Конгресот на партијата ќе се одржи во петок и сабота во Валандово.
