Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТВОРЕНИ МНОГУ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ: Плата од 6 до 7 илјади евра

ОТВОРЕНИ МНОГУ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ: Плата од 6 до 7 илјади евра

Огромен интерес е забележан за последниот конкурс за вработување во институциите на Европската унија. Европската канцеларија за селекција на персонал (EPSO) објави дека за само 1.500 работни места од ниво AD-5 се пријавиле дури 170.000 кандидати од цела Европа.

Главната причина за ваквиот огромен интерес се високите почетни плати, кои се движат меѓу 6.000 и 7.000 евра месечно, како и сигурноста на работното место и бројните бенефиции што ги носи статусот на вработен во институциите на ЕУ.

Токму комбинацијата од стабилна кариера и надпросечни примања го направи овој конкурс еден од најатрактивните во Европа.

Дополнителен бран на пријави предизвика и фактот што ваков конкурс за административни позиции не бил распишан уште од 2019 година. Поради тоа, многу кандидати кои со години работеле на привремени договори ја доживеале оваа можност како ретка шанса за трајно вработување. Во меѓувреме, илјадници кандидати активно се подготвувале токму за ваков повик.

Интересот е толку голем што EPSO се соочува со сериозни логистички предизвици. За првпат, тестирањето за толку голем број кандидати ќе се организира целосно виртуелно, а експертите предупредуваат дека системот би можел да биде на границата на своите капацитети.

Сепак, и за оние кои ќе ги поминат почетните кругови, вработувањето нема да биде загарантирано. Конкуренцијата за секое од 1.500 работни места ќе биде исклучително силна.

Според достапните податоци, најмногу пријави пристигнале од Италија – повеќе од 79.000, што ја става оваа земја убедливо на првото место по бројот на кандидати за работа во институциите на Европската унија.

Телеграф.рс


Слично

Поврзани вести