Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отворени гласачките места: Треба да се исполнат два услови за да можете да гласате

Отворени гласачките места: Треба да се исполнат два услови за да можете да гласате

Гласањето од првиот круг на локалните избори во 80 општини и Градот Скопје започнува во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот, а право на глас има секое лице што е запишано во изводот од избирачкиот список и поседува важечки документ за лична идентификација – лична карта или патна исправа.

Избирачкиот одбор го проверува личниот идентитет на гласачот, кој се докажува со важечки личен документ и со отпечаток од прсти. За важечки личен документ се смета: важечка лична карта или важечка патна исправа или лична карта чија важност
истекла во периодот од распишување на изборите до денот на нивното одржување.

Гласачот нема да може да гласа доколку отпечатокот од прсти не се совпаѓа со отпечатокот од прсти во електронскиот избирачки список. 

По исклучок, доколку техничката опрема не може да најде совпаѓање на отпечатоците, а избирачкиот одбор може да го утврди личниот идентитет на гласачот преку важечка лична карта или важечки пасош и ќе утврди дека нема претходно гласано преку потписите во избирачкиот список, во тој случај гласачот ќе биде внесен во техничката опрема со пребарување преку нејзиниот/ неговиот единствен матичен број (ЕМБГ) и ќе му се земе отпечаток од прст со цел заштита на избирачкото право.

Секој од гласачките ќе добие две гласачки ливчиња, едно за избор на градоначалничка/градоначалник на општината и едно гласачко ливче за избор на советници и советнички
во Советот на општината.


Слично

Поврзани вести