Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отворени гласачките места: Се гласа за петтиот претседател

Отворени гласачките места: Се гласа за петтиот претседател

Во земјава денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.

На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.

Гласачките места се отворени од седум до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Претседателските избори, според Државната изборна комисија, ќе ги следат 3.150домашни и 419 странскинабљудувачи, акредитирани од ДИК.

Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, Словачка во Македонија. Во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи.

Слично

Поврзани вести