Отворена телефонска линија за чистење на снег од улици
ЈП „Нискоградба“ отвори телефонска линија по снежната покривка од 24 сантиметри во Битола преку која граѓаните кои отежнат пристап до своите домови да го пријават случајот.
-Онаму каде што има стари изнемоштени лица, лица со посебни потреби, каде што има прослави, во случај на смрт и други итни случаи да се јавуваат граѓаните на телефонот 047/221016 и ние во рамките на нашите можности ќе интервенираме, рече Методи Силјановски, директор на ЈП Нискоградба Битола.
Се очекува од вторник температурите да се спуштат и до -14 степени, па затоа екипите мора да работат поинтензивно, бидејќи тогаш работата би немала ефект врз подмрзнатата површина. Според информациите од подизведувачите и дежурните екипи, патиштата кон селата се проодни, но доколку некаде има проблем да се јават за да може да се интервенира. Телефонската линија важи и за доинтервенција во селата во битолско. ЈКП„Нискоградба“ почна со чистење на помалите улици во градот кои се надвор од прв и втор приоритет.
Нискоградба истури 100 тони сол и 80 кубни метри ризлаи отвори телефон за итни случаи. Од КЈП „Нискоградба“ апелираат до граѓаните доколку имаат проблеми со одржувањето на улиците од прв и втор приоритет, но и според потребите за итни случаеви да се јават на телефонскиот број 047221016.
