Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отворена нова истрага за проневера на 30 милиони евра од МВР

Отворена нова истрага за проневера на 30 милиони евра од МВР

Специјалното јавно обвинителство отворило истрага за проневера на 30 милиони евра од МВР за време кога оваа институција ја водеше Гордана Јанкуловска.

Ова денеска го кажа министерот Оливер Спасовски при  примањето на донација од 16 нови возила за граничната полиција од Германија.

Станува збор за 16 нови полициски возила, донација вредна околу 240 илјади евра.

Заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија Марко Акватичи истакна дека оваа донација е потврда на добрите билатерални односни меѓу двете земји и соработката на двете полиции.

-Прашањата од областа на безбедноста се мошне значајни за двете земји, а оваа помош е потврда дека Германија е свесна за улогата што Македонија ја имаше во справување со предизивците во бегалската криза, рече тој.

Спасовски се заблагодари за донацијата за која оцени дека само го зајакнува цврстото партнерство што Македонија го има со Сојузна Република Германија и германското МВР.

Слично

Поврзани вести