Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отворена нова филијала на Кроација осигурување во Тетово

Отворена нова филијала на Кроација осигурување во Тетово

Компанијата Кроација осигурување денеска отвари нова филијала во Тетово. Филијалата се наоѓа на бул. Благоја Тоска бр.59/1.

Сите граѓани кои имаат потреба од осигурување можат да ја посетат новата филијала и да ги искористат тековните летни акции.

Во новата филијала клиентите ќе можат да се осигураат од повеќе видиви на ризици, да го заштитат својот дом, возило и здравје со еден од пакетите за приватно здраствено осигурување и осигурани да отпатуваат на саканите дестинации.

Во моментот мрежата на филијали на Кроација осигурување АД Скопје брои  23 филијали, од кои 6 во Скопје, а останатите распространети во 17 градови низ Републиката. Со отворањето на нови филијали и реновирање на постоечките Кроација осигурување континуирано се посветува на подобрување на квалитетот на  услугите, со цел задоволување на потребите на граѓаните и на бизнисите на квалитетен и конзистентен начин.

ПР објава

Слично

Поврзани вести