Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отворена е постапка против истражителот на СЈО кој беше приведен

Отворена е постапка против истражителот на СЈО кој беше приведен

Основното јавно обвинителство отворило постапка против истражителот А.Л. на Специјалното јавно обвинителство. 

А.Л. во петокот фотографирал објект за кој имал индиции дека е во сопственост на поранешниот началник на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Лицето бегало и не сакало да се легитимира за постапките и овластувањата кои ги имало, соопштуваат од јавното обвинителство. 

Според обвинителството, лицата (истражител и А.Е. приватен детектив од Берово) немале судска наредба за снимање и поради тоа биле повикани на разговор во полициската станица Центар во Скопје, каде случајот е документиран.

По интервенција на специјалната јавна обвинителк,  Катица Јанева подоцна истражителот е пуштен од полициската станица Центар.

Истражителот дал изјава дека бил на работна задача и дека постапувал по наредба на Јанева. 

Слично

Поврзани вести