ОТВОРЕНА Е ИСТРАГА: Пристигнале 20.000 пасоши, наместо првично нарачаните 400.000
Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди отвори истрага и се трага по причината за збунувачкиот диспаритет помеѓу првично нарачаните 400.000 пасоши и доставените 20.000 од средината на февруари.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вчера кажа дека заклучно со 18-ти месецов, во Македонија требало да пристигнат 400 илјади обрасци за пасоши. Првичниот договор бил изменет со одреден акт во декември месец, па наместо 400 илјади, добавувачот имал обврска да испорача 22 илјади обрасци.
Телма, барајќи одговори од министерството, добила кус одговор дека моментално има истрага на Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во врска со договорот за набавка на патни исправи.
