Отворен пазарот во Шуто Оризари, основниот извор на егзистенција на општината
По месец и пол дена започна со работа пазарот Европа во Шуто Оризари. Ромските организации за овој пазар велат дека обезбедува егзистенција за 80 отсто од населението во општината, но дека морал да биде превентивно затворен од Кризниот штаб како потенцијално жариште на корона вирусот.
На влезовите се поставени средства за дезинфекција а купувачите се повикуваат да носат маски, а доколку немаат им се нудат бесплатно.
„
После 45 дена ! Шутка повторно оживеа ! Европа Пазар Ш.Оризари“, објави пазарот кој претходно ги замоли купувачите да не доаѓаат во групни посети доколку бидејќи приватното обезбедување на пазарот ќе биде приморано да реагира за нивно растурање.
До сега официјално не е потврден ниту еден заболен од корона вирусот во Шуто Оризари.
Слично
