Отворен ден на УКИМ
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 30 ноември 2021 г. организира „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи online преку платформата Microsoft Teams.
Настанот е наменет за матурантите и ќе се одржи online преку платформата Microsoft Teams со почеток во 10 часот со обраќање на Ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Матурантите ќе имаат можност да се запознаат одблиску со професорите и студентите, да прашаат се што ги интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности.... да се запознаат со Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
За повеќе информации може да погледнете на следниот линк.
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје!
