ОТВАРАЛЕ ДУЌАНИ ДА ИМ ДОНИРААТ ВОДА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ И ДОБРОВОЛЦИТЕ ШТО ГАСНЕА ПОЖАР ВО БИТОЛА: Еве како се мобилизираа битолчани да помогнат
На фејсбук групата „Бабам Битола“ се споделува информација дека синоќа во гаснењето на пожарот учествувале доброволци и пожарникари, на кои граѓаните доброволно се качувале до местата каде што гасат за да им донираат вода.
„Цела Битола се качи горе да им однесе вода. Во 11 часот луѓето отворија дуќани и цела вода ја донираа, меѓу тие што запалија коли и се качија до горе има и жени“, се вели накратко во статусот.
„Ние знајме дека битолчани се ГОЛЕМИ во срцето, но ТОЛКУ МНОГУ ГОЛЕМИ сакавме сите да видат дека сме. Зошто доволно се познаваме, не ни е првпат уште од одбраната на продажбата на Офицерски, па за пожарот на Пелистер, Правда за Гоце па за Фердо, и за донациите за Турција итн итн. итн
Фала Ви на сите за сѐ наши ГОЛЕМИ БИТОЛЧАНИ, Ние малите сме баш тие ГОЛЕМИТЕ. Заедно со вас скоро 10 години во служба на градО и битолчани.
Ваши ББ.“ се вели во постот.
Слично
