Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отстранување на тумор на бели дробови без операција- НОВА МЕТОДА на Клиника за пулмологија

Отстранување на тумор на бели дробови без операција- НОВА МЕТОДА на Клиника за пулмологија

Нов метод за отстранување на туморот на белите дробови на Клиника за пулмологија. Наместо операција, туморот ќе се отстранува со бронхоскоп преку дишните патишта. Ова важи  и за полипи кои растат во самото дишно стебло и прават опструкција. Целата интервенција трае околу една минута, без да се прави хируршки отвор.

На Клиниката за пулмологија за еден месец ќе започне да функционира првиот референтен центар за интервентна бронхоскопија. 

Целта на Клиниката е  Фондот за здравство  да ги покрие трошоците за осигурениците, токму Клиниката тоа ќе го побара, а се планира да доаѓаат и приватни пациенти од од Јужна Србија, Косово и Албанија. 

Ова е познат метод, но за жал непознат во регионов, па пациентите за да добијат ваков третман  се принудени да одат  до Белград, Софија или Атина каде оваа интервенција се плаќа .

Со овие напредни техники во пулмологијата ќе се олесни и земањето на биопсија и спречување на крварење од белите дробови.

Тим од пет лекари се едуцирале за оваа област во Хамбург и Детроит , а на работилница која беше организирана денес се означи крајот на едукацијата пред да се започне со користење на новата техника.  Апаратурата е веќе обезбедена.


Слично

Поврзани вести