Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОТСТРАНЕТИ НАД 12 ТОНИ МЕШАН ОТПАД ОД МАЏИР МААЛО“: Герасимовски апелира до граѓаните да не создаваат депонии

„ОТСТРАНЕТИ НАД 12 ТОНИ МЕШАН ОТПАД ОД МАЏИР МААЛО“: Герасимовски апелира до граѓаните да не создаваат депонии

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи сподели информации и објави фотографии од чистењето на дива депонија во Маџир Маало. 

- Исчистивме дива депонија во Маџир Маало!

Со брза и координирана акција, расчистивме површина од околу 150 м² и отстранивме над 12 тони мешан отпад, кој беше транспортиран во „Дрисла“.

Континуирано работиме на расчистување на дивите депонии низ Центар, затоа што чистата животна средина е наша заедничка одговорност.

Апелирам до сите граѓани да ја чуваме животната средина и да не создававме нови диви депонии - напиша Герасимовски на Фејсбук.


Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести