Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отстранет натписот „Влада на Република Македонија“

Отстранет натписот „Влада на Република Македонија“

Натписот со букви „Влада на Република Македонија“ веќе е отстранет од фасадата на владината зграда, пренесува  СДК.МК.

Ваквиот потег најверојатно се должи на тоа што на истото место се очекува да се постави новото уставно име, според Преспанскиот договор.

Од Владата, Собранието и министерствата, пред се она за надворешни работи и за одбрана, се очекува да бидат првите кои уште во текот на оваа недела ќе ги постават новите натписи.

Грција денес со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името, а Македонија во службен весник треба да објави дека е променето името.

Слично

Поврзани вести