Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТСТАПКИ, ПРЕГОВОРИ, ПОБЕДИ: Кој е патот до новата Влада

ОТСТАПКИ, ПРЕГОВОРИ, ПОБЕДИ: Кој е патот до новата Влада

Следи формирање на Влада за резултати, продолжуваме по патот на напредокот - ова е суштината на соопштенијата кои последните денови се комуницираат од СДСМ. Партијата која освои најмногу пратенички мандати на последните избори е убедена дека ќе ја формира новата Влада. Но кои се опциите. Лидерот Зоран Заев најавуваше дека нема да го прифати условот на Демократската Унија за интеграција за Албанец премиер. Во истовреме опцијата за обединување на албанските партии која дојде од ДУИ ја одбија другите албански партии. 

„Новата Влада предводена од СДСМ не само што продолжува со успешните политики, следниот мандат се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните, стои во денешното соопштение од СДСМ.

Можно ли е да се формира Влада СДСМ - Беса - ДУИ - тоа според сите сега е најизгледно. Сепак се тврди дека сите опции се во игра.  

Пред седум дена Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е го овласти претседателот Христијан Мицкоски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство, а со тоа, како што соопштија, и да ја состави новата влада.

На предвремените парламентарни избори, коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освои 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „Обнова на Македонија“ добија 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците – Алтернатива 12, Левица 2 и ДПА 1 пратеник.

Ниедна од партиите до сега не објави подетални информации за преговори околу парламентарно мнозинство, врз основа на што се добива мандатот за формирање Влада.


Слично

Поврзани вести