Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов ИТ систем меѓу царината и УЈП, треба да олесни поврат на ДДВ за фирмите увознички

Нов ИТ систем меѓу царината и УЈП, треба да олесни поврат на ДДВ за фирмите увознички
Ќе се поедноставува постапката за поврат на ДДВ при увоз на стока со новиот ИТ систем меѓу Царинската управа и Управата за јавни приходи. Со овој систем,  компаниите нема да треба документи да носат во УЈП, кога ќе бараат  поврат на ДДВ за увезената роба. Спооред директорите на овие две институции, Ванчо Каргов и Горан Трајковски, доставата на документите за увоз од Царинската управа електронски ќе се разменува со УЈП. Потоа податоците од електронската размена со царинските власти, УЈП ќе ги користи при своите трансакции. Според досегашниот систем,  компаниите сами носеа документи издадени од Царината до УЈП. Системот според најавите ќе овозможи УЈП по службена должност електронски да проверува во царина дали фирмата реалаизарала извоз, по што ќе се направи поврат на ДДВ.
Слично

Поврзани вести