Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТСЕГА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД ЌЕ ИМА САМО ПО ЕДЕН ИЗВРШЕН ЧЛЕН - промени во „Макстил“, еве кој останува на таа позиција

ОТСЕГА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД ЌЕ ИМА САМО ПО ЕДЕН ИЗВРШЕН ЧЛЕН - промени во „Макстил“, еве кој останува на таа позиција

Компанијата „Макстил“ информираше за промени во своите органи на управување и раководење, одлука која ја донел Одборот на директори без одржување на седница, преку електронско гласање, а врз база на Одлуката за измени на Статутот на Друштвото која ја донело Собранието на акционери, на седницата одржана на 30 мај оваа година. 

Притоа, како што посочуваат од компанијата во својата објава до берзата, станува збор за одлука за усогласување на составот на Одборот на Директори со измените на Статутот на Друштвото.

Притоа, она што е најбито од овие промени, е дека со новиот пречистен текст на изменетиот Статут на друштвото, се утврдува дека тоа ќе има само еден извршен член на Одборот на директори. 

Од тие причини, Луис Кристиан Карстенс веќе нема да биде извршен член на Одборот на директори, и веќе продолжува да ја врши функцијата неизвршен член на директорскиот борд, додека, пак, Марија Дуковска-Павловска, останува да биде извршен член на Бордот.

„Одборот на директори одлучи Луис Кристиан Карстенс, кој до денот на стапување на сила на измените на статутот ја извршуваше функцијата Извршен член на Одборот на директори и Директор на Економика, се разрешува од оваа функцијата заклучно со 30.05.2025 година и почнувајќи од 31.05.2025 година продолжува да ja врши функцијата неизвршен член на Одборот на Директори на Друштвото, до истекот на неговиот мандат за кој е избран од Собранието на акционери. Марија Дуковска-Павловска ќе продолжи да ја извршува функцијата Извршен член на Одборот на директори во својство на Генерален директор се до истекот на нејзиниот мандат утврден со Одлуката на Одборот на директори. Се задолжуваат релевантните организациски единици да ги преземат сите активности за да ја имплементираат оваа Одлука и измената да се запише во Централниот регистар“, се вели во објавата од компанијата споделена со инвеститорската заеднива преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести