„ОТРОВНИТЕ ГАСОВИ МОЖАТ СЕРИОЗНО ДА ГО ЗАГРОЗАТ ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА И БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ“: Д-р Чибишев со предупредување
Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад.
При горење на електронски отпад се ослободуваат голема количина на екстремно токсични гасови кои содржат јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, фруорводород, пареи од тешки метали ( олово , жива, кадмиум, арсен).
Ова го посочува доктор Антон Чибишев од Клиниката за токсикологија преку социјалните мрежи доцна синоќа по страшниот пожар во фабрика во Трубарево каде бил складиран електронски и пластичен отпад.
Тој укажа дека отровите кои се испуштаат при вакво огна се многу опасни, особено за најмладите и за бремените жени.
- Овие отровни гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени, хроничните болни (срцеви, белодробни, малигни заболувања).
Апелирам граѓаните да затворат прозорци, да не излегуваат надвор без посебни портеби и сите кои имаат во домовите прочистувачи на воздух да ги пуштат да работат со најголем капацитет - нагласи Чибишев.
