Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре уште една земја ќе го ратификува пристапот на Македонија во НАТО

Утре уште една земја ќе го ратификува пристапот на Македонија во НАТО

Утре Полска преку својот парламент ќе биде следната земја која ќе го ратификува пристапниот Протокол за прием на Македонија како 30-та членка на НАТО.

Гласањето во полскиот парламент е ставено на дневен ред на седницата наутро, а ова го потврди полскиот амбасадор во Скопје, Војчех Тицињски, на дипломатската дискусија на тема „Патот до Брисел“.

– Ова не е коинциденција, зошто ова се случува токму во овие денови, и сакавме да го поканиме претседателот на Собранието Талат Џафери да присуствува на овој настан, но за жал тој е во странство во момент, но на гласањето ќе присуствува заменик-преседателот Весел Мемеди, рече Тицињски.

Досега Протоколот потпишан во Брисел го ратификуваа националните парламенти на Данска, Литванија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Албанија и Грција.

Потребни се уште ратификациите на 19 земји за Македонија да стане официјален член на Алијансата.


Слично

Поврзани вести