Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Отраканиот“ Панчевски ги снимал истражителите на СЈО

„Отраканиот“ Панчевски ги снимал истражителите на СЈО

Со надзорна камера од својот дом судијата Владимир Панчевски го снимил дел од претресот на истражителите и обвинителите на СЈО, по што снимката беше објавена и на ТВ Алфа за наводна кражба на клуч што е неприфатлива постапка за било кој припадник на правосудните организа.

Судијата Панчевски тврди дека ова видео е доказ за начинот на кој работи СЈО и како што вели, притисоците што се вршат врз него, но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги. Тој смета дека снимката служи како доказ за криминалот и подметнувањата на СЈО.

- Не говорам за вербални закани и физичко насилство, туку за најподмолна конструкција и криминал од времето на УДБА“, вели Панчевски.

 

Специјалното јавно обвинителство ги заплени податоците во компјутерот на екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Претресен е и неговиот дом, како и на двајца информатичари од судот. СЈО обезбедило податоци и од АКМИС системот преку кој по електронски пат се распределуваат предмети кај судиите.

Сомнежите на СЈО се дека во Кривичниот суд се местат предмети, а судијата  Панчевски е под сомнение и дека оддал државна тајна. Обвинителката Катица Јанева изјави дека се работи за предистражна постапка и има индиции дека преку АКМИС системот судските предмети на СЈО се распределувале на незаконски начин.


Слично

Поврзани вести