Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отпорот кон ЕВН во Слупчане се уште трае, смирен бунтот во Арачиново

Отпорот кон ЕВН во Слупчане се уште трае, смирен бунтот во Арачиново


Отпорот во Слупчане кон екипите за интервенции на ЕВН се уште трае, додека во Арачиново работите се движат тековно, информираат од компанијата. Екипи на ЕВН изминатиот период беа во неможност изминатиот период да направат интервенции во мрежата во овие две населени места, затоа што нивната работа ја блокираа групи кои масовно се собраа и упатуваа закани.

„Континуирано го известуваме МВР и добиваме одлична поддршка. Министерот е лично ангажиран за брзо изнаоѓање решенија во вакви ситуации“, гласи последната информација од ЕВН за работењето во Арачиново.

Од таму додаваат дека имаат и поддршка од градоначалникот на Арачиново и дека проектот со интервенцијата во мрежата ќе биде успешна приказна по која „загубите на електрична енергија ќе бидат само 10 отсто“.

Од компанијата посочуваат дека успешни проекти се веќе спроведени или се спроведуваат во најголемиот дел од Липковскиот Регион, Арачиново, Грчец и други локации во општина Сарај, Визбегово, Сингелиќ, Равен, Гостивар, Прилеп, Битола.


Слично

Поврзани вести