Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oтпечатени вкупно 1.814.000 гласачки ливчиња: Се транспортира доверливиот гласачки материјал

Oтпечатени вкупно 1.814.000 гласачки ливчиња: Се транспортира доверливиот гласачки материјал

Денеска рано утрово од печатницата „Киро Дандаро” во Битола, во присуство на претседателот, потпретседателката и членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се извршило примопредавање на доверливиот гласачки материјал од печатницата и започна неговата дистрибуција до 80 - те општински изборни комисии, потврдија за МИА од ДИК.

- Дистрибуцијата се одвива во 17 однапред определени рути. Организационо сме подготвени, по тој тек ќе се одвива дистрибуцијата и ќе се заврши во текот на денешниот ден, потенцираат од ДИК.

Во текот на утрешниот ден, информираат од ДИК, ќе се изврши и дистрибуција на уредите за биометриска идентификација.

Инаку, за претседателските избори отпечатени се вкупно 1.814.000 ливчиња, колку што се евидентирани гласачи во Избирачкиот список. 


МИА

Слично

Поврзани вести