Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКАКО ЈА СПАСИ ВЛАДАТА, КАСТРИОТ РЕЏЕПИ НА ГОСТИ КАЈ ЗАЕВ - народната волја преку стабилно мнозинство

ОТКАКО ЈА СПАСИ ВЛАДАТА, КАСТРИОТ РЕЏЕПИ НА ГОСТИ КАЈ ЗАЕВ - народната волја преку стабилно мнозинство

Премиерот Зоран Заев денеска бил на средба со пратеникот Кастриот Реџепи, кој не дојде на гласањето на доверба на Владата и со тоа практично го спаси парламентарното мнозинство. 

„Премиерот Заев и пратеникот Реџепи уште еднаш ја потврдија заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани на нашата земја. Заев и Реџепи низ разговорот потенцираа дека во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразија уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Северна Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот“, се вели во соопштението од Владата.

Двајцата соговорници биле согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во земјава се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат.

„На средбата беа изнесени очекувања за конечно исполнување на ветувањата од страна на Европската Унија и за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, со што би започнале преговорите за членство на нашата земја во ЕУ“, се вели во соопштението.

Слично

Поврзани вести