Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откриени сторителите: Ќура вели дека се пронајдени загадувачите на водата во Струга, ама не кажува кои се

Откриени сторителите: Ќура вели дека се пронајдени загадувачите на водата во Струга, ама не кажува кои се

Градоначалникот на Струга Менди Ќура, без да ги открие нивните имиња, на денешната вонредна седница на струшкиот Совет рече дека две фирми за црпење на рудни минерали ја загадиле водата за пиење кај изворот Шум.

„Констатиравме дека ископувањата извршени од две компании, низ годините, се евидентни и многу веројатно се главната причина за настанатата штета. Таму има длабоки ископувања и оштетувања што тешко ќе можат да се санираат. Досега утврдивме дека штетата е дополнително зголемена, бидејќи не е преземено ништо за заштита на овој природен ресурс“, рече Ќура.

Во поднесениот извештај,  констатирано е дека било дозволено ископувања повеќе од 10 години без критериуми, само за материјална корист. Имало сериозна институционална аномалија, при што една од компаниите добила дозвола за ископувања во оваа чувствителна зона.

„Не е утврдена заштитна зона од 1 километар околу изворот, што е задолжително и се дели на три заштитни зони: зона од 300 метри од изворот, каде што не треба да се дозволи никакво ископување ниту движење во близина, зона од 600 метри и зона до 1 километар. Оваа зона требало да биде оградена и физички заштитена“, се вели во извештајот.

Инспекторатот за животна средина и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга треба да утврдат дали хаваријата е предизвикана од неправилната и нестручна експлоатација на минерали, но и дали фирмата имала соодветна дозвола за за тоа. По бројните реакции на граѓаните. Регионалната канцеларија на Народниот правобранител во Кичево отвори постапка по сопствена иницијатива за да ја испита ситуацијата, а од Општина Струга и Јавното претпријатие се бара детален извештај за актуелната состојба.


Слично

Поврзани вести