Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

Водата во Струмица е небезбедна за пиење, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Тие донеле решение со кое се забранува употребата на водата од струмичкиот водоснабдителен систем. 

- Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем.

Решението е донесено врз основа на добиено известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица, дека по извршените лабораториски тестирања утврдено е дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии - се наведува во соопштението од АХВ.

Притоа се потенцира дека на јавното претпријатие му е наложено да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод, како и да обезбеди питка вода за граѓаните, се до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем. 

Слично

Поврзани вести