Откриени 100 неосновани боледувања кај полицајци
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), по барање на Министерството за внатрешни работи, спроведе детална контрола на боледувањата кај вработени во МВР.
Контролата беше реализирана во втората половина на 2025 година и опфати 80 осигурени лица, кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања. Од вкупниот број боледувања 258 траеле до 7 дена, 171 траеле до 15 дена, 83 биле со траење од 30 или повеќе дена.
Најчесто користени дијагнози при издавање на боледувањата биле: болести на респираторниот
систем (82 случаи), болести на мускулно-скелетниот систем и сврзното ткиво (69 случаи),
болести на дигестивниот систем (45 случаи).
При контролата се утврдени неправилности кај 29 од контролираните 80 лица, што претставува
околу 37 проценти од опфатените случаи.
„Овие 29 лица користеле вкупно 236 боледувања, од кои 100 биле оценети како неуредно
издадени, додека 136 биле уредни. Тоа значи дека неправилности се утврдени кај 100 од вкупно
514 боледувања, односно кај околу 19,5 проценти од вкупниот број контролирани боледувања“,
соопшти директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
