Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКРИЕН ОБИД ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ ПАРЧИЊА ЗА ПИРСИНГ - Цариниците со голема заплена на Меѓународниот Аеродром Скопје

ОТКРИЕН ОБИД ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ ПАРЧИЊА ЗА ПИРСИНГ - Цариниците со голема заплена на Меѓународниот Аеродром Скопје

Царинската урпава објави дека на Меѓународен Аеродром Скопје минатата недела е откриен и обид за криумчарење на 1.463 парчиња пирсинг од титаниум и опрема за тетовирање. 

Откриени се 32 парчиња ножици и 70 парчиња игли за тетовирање, кои подлежат на посебни дозволи за увоз од надлежна институција. 

Сторителот на прекршокот е државјанин на Шпанија, кој патувал со лет Стокхолм – Скопје, со крајна дестинација Кипар. 

Како што посочуваат од Царинсакта управа, непријавената стока е запленета, а против сторителот е поведена прекршочна постапка.




Слично

Поврзани вести