Откриен непријавен имот на директорот на градежниот инспекторат, рекол дека продавал автомобили
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) итврдила дека Фатмир Арифи како директор на Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам не пријавил два нови стана и автомобил од 18.000 евра.
Антикорупциска ќе достави иницијатива до Основното јавно обвинителство за негово кривично гонење како и до Владата која го именуваше Арифи, за негово разрешување.
- Утврдено е дека не е пријавен стан на ул. Крсте Асенов во Чаир, како и на недвижен имот на ул. Гемиџиска во Железара, и сопственост на возило „форд мондео“ купено во 2021 за сума од 18.000 евра. ДКСК со записник констатираше прекршок со ненаведениот имот во Анкетниот лист за кој Арифи ја плати глобата по прекршочниот платен налог, изјави првата антикорупционерка Билјана Ивановска.
Арифи во разговор ги известил дека се занимава и со продажба на автомобили, а едниот стан го стекнал со размена на автомобил за стан.
- ДКСК констатира дека именуваниот функционер освен редовни примања не остварува други приходи, а за станот во Чаир и за оној во Железара не се докажа дека е стекнат од редовни примања кои се пријавени и оданачени па согласно член 359а од Кривичниот Законик до ОЈО ќе доставиме иницијатива за кривично гонење на Арифи, дополни Ивановска
