Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откази за полицајците кои се однесуваа непрофесионално на 27 април во Собранието

Откази за полицајците кои се однесуваа непрофесионално на 27 април во Собранието

Единаесет вработени во МВР добиле отказ поради „крвавиот четврток“, односно за денот кога се случи насилството во Собранието на 27 април, кога беа повредени неколкумина пратеници и новинари. 

Откази се поделени поради непрофесионалното однесување за време на нередите во Собранието. 

Според МВР, завршена е дисциплинската постапка за 11 полицајци, по што им се врачени отказни решенија. Во тек се и други постапки за собраниското насилство,  за што дополнително треба да бидат донесени дисциплински мерки.

Во меѓувреме е покренато обвинение за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, а на четири години затвор е осуден напаѓачот на пратеничката Радмила Шекеринска.

Засега најмалку 10 лица се обвинети за обид за убиство на Села. 

Слично

Поврзани вести