Oткази во УБК - која е причината?
Четворица вработени во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во последните шест месеци добиле отказ.
Последниот отказ е потпишан вчера.
Но, и дел од вработените во УБК сами си дале отказ со што бројот на лица кои по скандалот со прислушувањето и по формирањето на новата Влада не се дел од оваа институција е најмалку десетина.
Поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошковски, сè уште немаат добиено отказ.
Како што пред извесно време информираше и министерот Оливер Спасовски, нивниот работен однос е ставен во мирување.
Спасовски појасни дека тие се суспендирани и за нив е поведена дисциплинска постапка уште во мај лани, но кога функцијата повторно ја презеде Митко Чавков, по еден ден, тој ги вратил на работа. Двајцата се гонат за незаконско прислушување, а се наоѓаат во притвор во Солун поради незаконско поседување лажни патни исправи.
