Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откажани сите утрински летови од Скопскиоот аеродром

Откажани сите утрински летови од Скопскиоот аеродром

Изутрината биле откажани сите летови од Скопскиот аеродром поради густата магла Откажани се летовите на „Визер“, „Кроација ерлајнс“, и на  „Туркиш ерлајнс“.

Ниту еден од шесте авиони на „Визер“ кои се стационирани во базата во Скопје вчера не успеа да слета дома на Скопскиот аеродром. Поради маглата авионите беа пренасочени на аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Охрид. Екипажите на „Визер“ утрово патуваа до аеродромите каде вчера им слетаа авионите и од таму ќе летаат кон дел од дестинациите што утрово беа откажани, за да ги земат патниците на летовите кон Скопје.

Поради многу густата магла вчера на Меѓународниот аеродром Скопје слетаа само три авиони и само тие успеаја да полетаат попладне, кога малку се подобрија временските услови. 

Од Меѓународниот аеродром Скопје велат дека без разлика на временските прилики, аеродромот е постојано отворен, а персоналот е подготвен да ги прифати, услужи и испрати авионите и патниците.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Скопје и во наредните три дена се очекува променливо облачно време со појава на магла.

Слично

Поврзани вести