Откажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање
Собранието ја откажа седницата на комисијата што како итна ја закажа вчера за надзор над работењето на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
Седницата е тргната од собранискиот дневен ред како точка, а од Собранието потврдија дека е одложена и дека дополнително ќе информираат за причината.
На седницата требаше да се определи датум за посета на АНБ. Според објавените информации собранискиот спикер Африм Гаши ја делегирал пратеничката Славјанка Петровска да претседава со комисијата.
Претседател на комисијата е Скендер Реџепи, но тој претходно на прес-конференција соопшти дека нема да ја закаже седницата бидејќи нема безбедносен сертификат и не може да учествува во надзорната посета на тајната служба.
Гаши одлуката ја донесе само ден по барањрто на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се изврши посета на АНБ.
