Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откажана посетата на косовскиот министер кој првично требаше да ги посети осудените од „Диво насеље“

Откажана посетата на косовскиот министер кој првично требаше да ги посети осудените од „Диво насеље“


Од Министерството за правда потврдија дека е откажана посетата на заменик министерот за правда на Косово, Блерим Салаху, која требаше да се одржи денеска во Скопје.

„Поради обврските на заменик-министерот на Косово, средбата ќе се одржи во наредните денови“, изјавија од Министерството за правда за ТВ21.

Салаху требаше да се сретне со својот колега од Македонија, Агим Нухиу. Во рамки на посетата првично беше предвидена посета и на затворот Идризова и да се сретне со затворениците од „Диво Насеље“.

Заменик-министерот за правда Агим Нухиу рече дека денеска треба да има средба со неговиот косовски колега, но дека не е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.

Слично

Поврзани вести