Откажан протестот на струмичките угостители против ковид-мерките
Протестот кој за денес претпладне беше закажан за денес од страна на струмичките угостители беше откажан пред неговиот почеток и не се одржа.
Телевизија Вис од телефонските разговори со угостителите заклучиле дека еден по еден тие почнале да се откажуваат од намерата да ги затворат локалите и да излезат на протест.
Засега нема нови најави дека протестот можеби ќе се одложи и дека фела ќе излезе друг ден на протест или ќе ги затворат локалите во знак на незадоволство од веќе донесените владини мерки.
Претходно во известувањето на струмичките угостители стоеше дека од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираат улиците во Струмица, но и влезовите на градот.
Тие бараа од Владата да се вратат претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, откако беше евидентен падот на прометот.
