Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откажан настанот за Отворен Балкан за денес во Скопје

Откажан настанот за Отворен Балкан за денес во Скопје

Владата го откажа настанот по повод почетокот на мерката за „Слободен пристап до пазарот на трудот во земјите од Отворен Балкан“.

Откажувањето, кспоред соопштението од Владата, се одвива до моментот кога целосно ќе се овозможат техничките услови за спроведување на мерката во Албанија, Србија и Северна Македонија, поединечно.

Во појаснувањето од Владата, се наведува дека во моментов се усогласени протоколите за условите за слободен пристап до пазарите како и шемите за електронска идентификација, додека техничките тимови во секоја земја ги преземаат соодветните завршни дејствија.

„Минатонеделните координативни и технички тестови, иако првично со позитивни резултати, покажаа дека е потребно дополнително време за тестирање и распоредување на услугите во системите на трите земји, за тие да станат јавни, за сите граѓани во исто време. Институциите кои се надлежни за спроведување, активно работат на дополнително тестирање и усогласување на системите, имајќи ја предвид важноста, потребите и придобивките на граѓаните“, велат од Владата.

Попладнево во Скопје допатува американскиот дипломат Џејмс О'Брајан - шеф на Одделот за координација на санкции и помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

Американскиот дипломат Џејмс О'Брајан е дел од делегацијата на стратешките партнери на земјата што ќе учествува на лидерската средба посветена на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, чиј домаќин е Владата на Република Молдавија.

На оваа средба, покрај лидерите од Западен Балкан, кќе присуствуваат и генералниот директор на Директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување, Герт Јан Копман, претставници на Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Западниот инвестициски форум. На оваа средба ќе учествува и Балканска комора, УСАИД, како и повеќе меѓународни финансиски институции.


Слично

Поврзани вести