Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отказ за 18-те спорни вработувања на Клиниката за токсикологија

Отказ за 18-те спорни вработувања на Клиниката за токсикологија

18-те вработени само со потпис на претходната организациска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, од вчера повеќе не се на ова работно место.

Ова синоќа го потврди поранешниот министер за здравство Илир Демири, кој во емисијата „Топ Тема“ на Телма рече дека сите добиле отказ.

Станува збор за вработените кои повторно добија договори за ангажман додека траеше драмата на Токсикологија која кулминираше со разрешување на медицинскиот директор на Клиниката.

Демири во Топ Тема посочи дека иако станува збор за луѓе со стаж и искуство и за вработени за чиј ангажман имало одобрение и од Министерството за финансии, тие добиле отказ.

Државен санитарен и здравствен инспекторат во мај им забрани на 18-те претходно вработени на Токсикологија да доаѓаат на работа, но тое и понатаму продолжија да доаѓаат на работното место. Организациската директорка со само нејзиниот потпис им даде решение со кое им го продолжи работниот однос до крајот на годинава. 


Слично

Поврзани вести