Откако унгарски медиум објави дека Груевски добил унгарско државјанство, што велат од Министерството за правда?
Од Министерството за правда, каде досега не знаеја дека избеганиот експремиер Никола Груевски уште во 2022 година добил унгарско државјанство, за САКАМДАКАЖАМ.МК денеска изјавија дека внимателно ги следат информациите објавени во врска со наводите дека Груевски го стекнал државјанството. Од Министерството за правда вела дека Груевски сè уште е државјанин на Македонија и сè уште ќе се бара екстрадиција.
Повикувајќи се на извор во унгарската влада, истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), објави дека Груевски, кој живее во Будимпешта од 2018 година каде избега за да не оди в затвор откако стана правосилна пресудата, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму престојува во земјата. Тоа ја прави речиси невозможна неговата екстрадиција во Македонија.
Груевски тврдеше дека избегал затоа што е мета на политички прогон. Новата унгарска власта на чело со Петар Маѓар тврдеше дека Унгарија нема да биде засолниште на криминалци.
